Уште 1.000 стечајци ќе добиваат надоместок, до петок да поднесат документи

Среда, 15 Јануари 2020 07:42 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, соопштија од владината прес-служба, откако на вчерашната седница Собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

Со последните измени, вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа владата за две и пол години е 12.000.

- Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари, наведоа од владината прес-служба.