Чифлиганец го зголемува удел во „Комерцијална банка“

Среда, 27 Ноември 2019 09:12 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Ванчо Чифлиганец преку својата компанија „Адора Инженеринг“ продолжи да ја зголемува сопственоста во „Комерцијална банка“, откако купи 5.300 акции за кои плати 521.000 евра или околу 100 евра по акција.

„Адора Инженеринг“ преку последната трансакција на купување акции од „Комерцијална банка“ стана сопственик на 11,11 отсто од основната главнина во Банката.

Во објавата на интернет страната на „Македонска берза“, се вели дека банката оваа трансакција ја реализирала пред два дена.

„ Преку две системски блок трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 5.300 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 253.247 обични акции, односно ќе има учество од 11,11% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје“, соопшти „Комерцијална банка“.