Прво проверка на списоците, па враќање на персоналниот данок на земјоделците

Вторник, 26 Ноември 2019 11:01 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Министерството за земјоделство оваа недела ќе изврши проверка на списоците добиени од УЈП и веднаш потоа ќе почне со враќање на перосналниот данок кон земјоделците кои не оствариле промет над еден милион денари, соопшти денеска ресорниот министер Трајан Димковски.

Како што рече Димковски на прес-конференција, пред да почне враќањето на средствата, јавноста ќе биде информирана.

-Ја добивме листата од УЈП во која се евидентирани сите земјоделци кои оствариле приходи единствено од земјоделска дејност. Неделава ќе провериме дали овие земјоделци се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Откако тоа ќе се потврди од наша страна, ќе се премине веднаш кон враќање на персоналниот данок. Очекуваме оваа недела да ги завршиме сите контроли зашто се работи електронски и првиот ден кога ќе бидеме сигурни, јавно ќе објавиме кога ќе биде враќањето на парите, рече Димковски, одговорајќи на новинарски прашања по објавувањето на мерката за поддршка на жените земјоделки.

Со измените на Законот за пероснален данок на доход се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од 300.000 на еден милион денари.