Планираниот раст на БДП за догодина под знак прашалник

Четврток, 17 Октомври 2019 14:00 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Политичките случувања го ставаат под знак прашалник предвидениот економскиот раст во државата за следната година. Иако прокциите на Министерството за финансии се раст на БДП од 4,2 проценти догодина, регуларните или можни предвремени избори негативно ќе влијаат на економскиот раст, велат економските експерти.

„Слушаме дека се можни и предвремени, меѓутоа Македонија ќе има регуларни парламентарни избори. Значи дали ќе бидат пред или во текот, а знаеме дека во годините кога имаме избори, добар дел од проектите застануваат заради изборниот процес…“, вели Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ги посочи предвидените прокции за 2020 година. Според неа иако јавниот долг е предвиден на 52,3 проценти, државата е умерено задолжена.

„Согласно фискалната проекција дефицитот е проектиран на 2,3 проценти за 2020 година, јавниот долг е проктиран на 52,3 проценти додека ратот на економијата или растот на бруто домашниот роизвод е проктиран на 4,2 проценти. И сега тука сакам да истакна дека и оваа година согласно фискалната стратегија јавниот долг беше проктиран на 51,7 проценти, а ние во моментов на крајот на вториот квартал имаме 47,7 проценти јавен долг“, рече министерката Ангеловска.

Но, во најновиот извештај, Меѓународниот монетарен фонд не е толкав оптимист како Владата. Монетарците ни предвидуваат раст на економијата, не од 4,2, туку од 3,4 насто.