Еврото денес 61.4922, акциите на НЛБ Банка АД Скопје најтргувани

Вторник, 27 Август 2019 13:31 Напишано од  Објавено во ФИНАНСИИ

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Северна Македонија денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.4922.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.3186, додека на британската фунта изнесува 67.7152.

Последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на НЛБ Банка АД Скопје (раст од 3,1 проценти), додека другите акции забележаа пад.