ФИНАНСИИ

Индексот ICE, кој ја споредува вредноста на американскиот долар во група од шест валути, падна за 4,2% во јули. Според FactSet, ова е најголем пад од септември 2010 година. Во наредните денови, индексот закрепна малку на почетокот на август, но падна за околу 6,8 проценти во последните неколку месеци (сметано на 5 август 2020 година). Според Комисијата за трговија со фјучерси од крајот на јули, доларот не работи добро со шпекулативни трговци, кои можеби помогнале валутата да се опорави, барем на краток рок, затоа што екстремно шпекулативното позиционирање е често спротивниот сигнал. Но, и покрај малото закрепнување, експертите гледаат ризици…
Во периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година,НЛБ БанкаАД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од Март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите. Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставуванамалување за 26,8%во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година. Инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни финансиски…
Македонската берза го објави билтенот за месец јули, каде е наведено дека Комерцијална Банка е на врвот на најтргуваните акции во Македонија. Останатите се: Алкалоид Скопје Гранит Скопје Макпетрол Скопје Стопанска Банка Скопје Вкупно биле извршени 1319 трансакции со вкупен промет од 382,668,819 денари. Блок трансакциите во јули изнесувале 34.373.025 денари и бележат висок пад од 50,34%. Според количината на истргувани акции, трет месец по ред најтргувани се акциите на Гранит АД Скопје со 42.585 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 27.590, а акциите на Стопанска банка АД Скопје го заземаа третото место со 13.400 истргувани…
Дури 48 отсто од фирмите сметаат дека „секогаш“ или„често“ има корупција во јавните набавки, а три четвртини од фирмите како најчест проблем ја наведуваат најниската цена како критериум за добивање на набавката. Нетранспаретни јавни набавки, најниска цена услов за добивање на набавката и манипулации со поништувањето на постапката нотира Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година,на Центарот за граѓански комуникации. Според анкетата која е содржана во овој извештај фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,82 (на скалата од 1 до 5), што е незначително намалување во однос на лани, кога…
Прв раст на приходите во буџетот по стартот на кризата. Министерството за финансии сооопшти дека во јули приходите бележат раст од 1,4% споредено со лани што се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци.  Ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика, по отворањето на економијата во јуни имаше подобра наплата на даноците споредено со април и мај, констатира Министертсвтото. Вкупната наплата на прихпди во јули изнесува 291 милион евра, а од даноци се собрани близу 166 милиони евра, прв пат од старот на кризата ДДВ бележи раст во однос на лани за 1,2%. За споредба…
Влијанието на еврото на меѓународните пазари за валути ослабна и забележа најголем пад за 18 месеци, додека доларот забележа зајакнување бидејќи инвеститорите не сакаа да преземат ризик по најновите ескалации на напнатоста во односите меѓу Кина и САД.
Финансиските регулатори склучија Меморандум за меѓуинституционална соработка со кој што ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Влијанието на енергетската транзиција врз нашите економии и финансискиот сектор – предизвици и можности“, што минатата недела ја организира Холандската централна банка, информираат денеска од кабинетот на гувернерката.
Продолжува растот на кредитната активност и на депозитната база на банките, што упатува на стабилни очекувања и зголемена доверба. Поконкретно, кредитниот раст, минатата година достигна 6 отсто, додека растот на вкупните депозити изнесува 8 отсто, оценува Советот на Народната банка.
Во просек една третина од домаќинствата во регионот имаат проблем со навремено подмирување на режиските трошоци во последните 12 месеци, покажува годишното истражување на Евростат за приходите и условите за живеење, објавува Евростат.