НОВИНИ

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во гостувањето во вестите на телевизија Сител кажа дека согласно Законот за угостителска дејност нема одредба според која сопствениците, менаџерите и вработените во угостителските објекти имаат надлежност да ги легитимираат гостите. Стојко Пауновски, директорт на Пазарниот инспекторат денеска пак изјави дека угистителите ќе треба да ги легитиираат гостите за да проверат дали може да седат четворица на иста маса.
Македонија не е меѓу десетте земји за чии туристи ќе бидат отворени хрватските граници ова лето. Премиерот Андреј Пленковиќ, со спортски речник, денеска објави листа со држави чии граѓани ќе може да летуваат на хрватските плажи на која, сепак, не е нашата.
Во Службен весник објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојбa. 
Заклучно со 31.12.2018 година АД Пошта има загуба од 10 милиони евра. Но тоа не го спречило ова акционерско друштво да плаќа огромни износи за менаџерско осигурување преку осигурителна компанија, евидентираше Државниот завод за ревизија, пишува „Слободен печат“.
Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, достави четири конкретни предлози за намалување на штетите предизвикани од здравствено – економската криза.
Министерството за финансии информира дека е издадена седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра.
Агенцијата за вработивање ги повикува невработените лица до 34 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование кои немаат работно искуство согласно образованието и се заинтересирани да се вклучат во мерката Практикантство за период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени практични знаења и вештини, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 9:00 до 14:00 часот.
Преку втората линија бескаматни кредити за фирмите погодени од КОВИД-19 кризата одобрени се 2 милиони евра за 117 фирми во кои работат 3 001 вработен, информираше Владата.
Уредбите за мерките од третиот сет треба да се донесат неделава, по што и на граѓаните ќе им биде објаснето како да ги користат. Дел од мерките според најавите треба да почнат да се применуваат во јуни и јули.
Уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, се дел од мерките предвидени во измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба, која денеска ја усвои Владата.