НОВИНИ

Агенцијата за вработување објавува јавниот оглас кој е наменет за отворање на нови работни места во правни субјекти (микро, мали и средни претпријатија) кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства.
Останатите финансиски институции (ОФИ) во кои спаѓаат инвестициските и пензиските фондови, осигурителни, брокерските и финансиските друштва во државава го зголемиле за четири проценти поени нивното учество во рамки на финансискиот сектор во изминатите шест години. Ако ОФИ во првиот квартал 2014 година располагале со 53 милијарди денари, нивното учество денес е зголемено речиси повеќе од двојно и изнесува 121,472 милијарди денари, со најголем удел на пензиските фондови и осигурителните друштва.
Македонија може да смета на речиси 3 милијарди евра директна европска помош од седумгодишен буџет на ЕУ кој беше усвоен пред неколку дена.
Управата за јавни приходи од 12 јуни годинава ќе прави нова пресметка на повратот на ДДВ кај граѓаните, за второто тримесечје, поради измената, кај македонските производи да се врши поврат од 20 отсто, а кај странските од 10 отсто. Заради тоа, појаснуваат од УЈП, износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена.
Комерцијалните банки се во првични пресметки дали од есен ќе имаат сили за продолжување на рокот за одложување на плаќањето на кредитите, неофицијално дознава Алсат од извори од банкарскиот сектор.
Во услови на криза граѓаните и компаниите продолжуваат да штедат но и да земаат кредити, покажуваат податоците на Народната банка (НБ).
Сојузот на стопански комори на Македонија има неколку приоритети кои јасно ги потенцира, а на кои следната влада треба ургентно да им се посвети, вели претседателот на ССК, Данела Арсовска со емисијата „Бизнис поенти" на ТВ Алфа.
Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) обезбедува 20 милиони евра заем на Шпаркасе банка Македонија за кредити за локални приватни бизниси и корпорации засегнати од економската криза поради пандемијата од коронавирусот.
Македонската економија во првиот квартал од годината забележала незначителен раст од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Европската комисија кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ (БДП) во замјите од регионот на западен Балкан вклучително и Турција.