НОВИНИ

Во изминатите 24 час седум лица починаа, а бројот на новозаболени од ковид-19 изнесува 125. Најголем број нови случаи и денеска како и во изминатите дено се од Скопје објави Венко Филипче, министер за здравство на Фејсбук.
Анализата за екстра лесното гориво е во завршна фаза. Се очекува финална проверка и таа да биде објавена, ако е можно и додека трае вонредната состојба. Ова го најави министерката за финансии Нина Ангеловска, денеска на прес-конференција, додавајќи дека ова е прашање што долго време се провлекува и се дискутира, но дека се работи за системско решение кое треба да значи решение на долг рок.
Земјава е рангирана на 41 место во светот на листата на Глобалните економски слободи во 2020 година изработена од Фондацијата „Херитиџ", со седиште во Вашингтон.
Министерската за финансии Нина Англовска на денешната прескоферекција рече е подготвена предлог-уредба за финансиска поддршка на работодавец за исплата на плати и за месец јуни.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција ги презентираше деталите за домашната платежна картичка. Таа истакна дека неделава ќе започне издавањето на картичката.

БДП во првиот квартал 0,2 отсто

Понеделник, 08 Јуни 2020 13:47
Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од годинава во државава изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Просечниот надоместок којшто издавачите на платежните картички (банките и другите финансиски институции) лани го наплатиле од трговците претставува 1,20 отсто од вредноста на прометот, покажуваат најновите податоци на Народната банка, додека во 2018 година овој надоместок изнесувал 1,19 отсто.
На крајот на мај 2020 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3, 079 милијарди евра и во однос на претходниот месец се намалени за 80,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка.
Глобална анализа покажува дека 65 отсто од малите и средни претпријатија не можат да го издржат потресот на актуелната криза и се изложени на ризик да пропаднат. Поради тоа неопходно е финансиската поддршка да продолжи уште најмалку два месеци, истакна претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска во своето гостување во емисијата „А што не е јасно".
Владата на вчерашната седница ја усвои информација за програмирање на средствата од Европската Унија кои како што се вели во владиното соопштение, се доделени како награда за успешност за 2020 година за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот.