НОВИНИ

Агенцијата за вработување во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ објавува јавен повик за мерката Субвенционирање на плати.
Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за првиот сет економски мерки и побарала од Владата документи и податоци за тоа кој добил, а кој бил одбиен и зошто, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.
Триесет и девет проекти на ученици од основни и од средни училишта се наградени и ќе добијат финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) кој денеска организираше завршен настан за презентација и прогласување на најуспешните проекти на третиот повик „Предизвик за млади истражувачи".
Претседателка на Сојуз на Стопански комори на Македонија, Данела Арсовска во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 вели дека проекцијата на ММФ за пад од 4 проценти ќе подложи на извесна ревизија бидејќи во Македонија се уште не е на повидок крај на економската, но и на здравствената криза, за разлика од останатите земји.
Пазарните инспектори од денеска ќе вршат контрола на угостителските објекти заедно со претставници на финансиската полиција кои имаат законско право да вршат легитимирање на гостите.
Владата на вчерашната седница донесе Уредба за примена на Законот за комунални такси со која се регулира плаќањето на јавната давачка за користење на простор пред угостителските објекти.
На вчерашната седница Владата донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите, со која се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со КОВИД-19 за време на вонредната состојба, за месец јуни, јули и август 2020 година.
Aсоцијацијата Ивент индустрија ИВАП денеска преку соопштение испрати апел до Владата да се слушне нивниот глас и веднаш да се отпочнат разговори за релаксација на овој сектор со оглед на тоа што, како што наведува, компанијата веќе 100 дена има забрана и неможност за работа.
На приватните компании кои продолжиле да работат за време на коронавирусот и да инвестираат во нивниот раст и развој, подобрување на конкурентноста и модернизација на процесот на производство ќе им бидат достапни 20 милиони евра како дополнителна државна помош за да се зголеми нивната ликвидност и да им се овозможи да започнат нови инвестиции. За ова Владата на барање на Министерството за економија на вчерашната седница усвои Уредба за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти.
Рестораните, наместо до крајот на годинава како што првично се планираше, туку многу порано ќе може да организираат свадби, смета министерот за економија, Крешник Бектеши. Сепак, според него, крајниот збор и за овој сегмент од работата на угостителските објекти, ќе го има Комисијата за заразни болести.