НОВИНИ

Економските аналитичари очекуваат намалување на просечната стапка на инфлација и очекуваниот пораст на бруто домашниот производ поради пролонгирање на ефектите од глобалната криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот, покажува новата анкета на Народната банка за периодот 2020 ‒ 2022 година.
Членовите на Здружението на музичари од Охрид „Охридски музички еснаф" денеска одржаа протест барајќи од надлежните да изнајдат начин што ќе им доволи на музичарите да ја остваруваат својата дејност од која обезбедуваат средства за егзистенција.
Системот за е-регистрација на Централниот регистар како резултат на реализација на проектот Заедничка платформа за отпочнување на бизнис, почна да функционира со надградба на дополнителни функционалности и тоа, доброволна регистрација на субјектите (трговски друштва) како ДДВ обврзници при Управата за јавни приходи при самиот упис на основање и доброволно пријавување на овластеното лице за застапување (застапникот по закон) во задолжително социјално осигурување (АВРСМ).
Шеесет и осум барања од медиуми се поднесени до УЈП за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените за јуни, јули и август 2020 година, соопшти Управата за јавни приходи која денеска извести колку фирми ги искористиле мерките за финансиска поддршка што се спроведуваат преку оваа институција.
Народната банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк", за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери.
Закупнината на угостителските објекти и останатите деловни простории на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје ќе се намали за 30, односно 20 проценти.
Без правилна стратегија за одржување на малите и средните претпријатија кои се 99 отсто од регистрираните активни претпријатија, не можеме да очекуваме подобрување во периодот кој следи, вели потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Габриела Кулебанова.
Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто.
Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова највисок поврат на ДДВ за овој период во изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид COVID-19 кризата, соопштува Министерството за финансии.
Второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица се заокружи на 30 јуни. Повратот на 15 посто од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година.