НОВИНИ

Во услови на криза граѓаните и компаниите продолжуваат да штедат но и да земаат кредити, покажуваат податоците на Народната банка (НБ).
Сојузот на стопански комори на Македонија има неколку приоритети кои јасно ги потенцира, а на кои следната влада треба ургентно да им се посвети, вели претседателот на ССК, Данела Арсовска со емисијата „Бизнис поенти" на ТВ Алфа.
Околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор надвор од својот дом во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) обезбедува 20 милиони евра заем на Шпаркасе банка Македонија за кредити за локални приватни бизниси и корпорации засегнати од економската криза поради пандемијата од коронавирусот.
Македонската економија во првиот квартал од годината забележала незначителен раст од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Европската комисија кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ (БДП) во замјите од регионот на западен Балкан вклучително и Турција.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка оодлучи по намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, таа да се задржи на нивото од 1,5%.
Последнава година македонските граѓани кои користат картички сè повеќе плаќаат бесконтактно, покажува истражување на компанијата Виза направено во рамки на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина".
Агенцијата за вработување ги повикува невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 31.07.2020 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 63.4, односно падот на индустриското производство изнесува 36,6 отсто.
Со цел подобро запознавање со дигиталните алатки коишто им стојат на располагање на современите претприемачи, Македонски Телеком организира вебинари на кои претставниците на бизнисите ќе можат да научат нешто повеќе за нив. Преку презентирање на услугите и алатките, како и споделување на кориснички искуства, Телеком ќе ви го покаже патот до дигитално осовременување на вашиот бизнис.