Субвенции за Градот Скопје за занаетчиите, аплицирањето е во тек

Четврток, 25 Јуни 2020 11:10 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Јорганџии, опинчари, крзнари, грнчари, шапкари, ковачи, лимари, казанџии, се само некои од занаетчиите кои годинава ќе бидат финансиски поддржани од Град Скопје.

Со вкупно еден милион денари Градот ќе субвенционира набавка на потребни алати и репроматеријали, покривајќи 80 отсто од вредноста, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Поддршката важи за алат и репроматеријал набавен од 01.01.2020 година.

Повикот е веќе објавен и ќе трае заклучно со 15.12.2020 година. Реализиран ќе биде по принципот „прв дојден прв услужен", до исцрпување на средствата предвидени со Буџетот на Град Скопје за 2020 година.

Целта на субвенционирањето, како што соопшти Градот, е да се поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање.