Влада ја изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво

Вторник, 23 Јуни 2020 06:50 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Владата донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба.

„Со овие измени се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена. Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати“, се вели во соопштението.

Последен пат изменето на Вторник, 23 Јуни 2020 06:57