Влада: Општините може да не им наплатуваат на угостителите за користење на јавниот простор пред локалите

Четврток, 11 Јуни 2020 07:02 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Владата на вчерашната седница донесе Уредба за примена на Законот за комунални такси со која се регулира плаќањето на јавната давачка за користење на простор пред угостителските објекти.

„Со Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, што ја донесе Владата на оваа своја седница, се овозможува економска подршка на угостителските објекти кои претрпиле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење коронавирусот КОВИД-19, со цел нивна сигурност и одржливост во понатамошното работење и со која пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење на дејност од м2 дневно, се изменува, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетрање на вонредната состојба, а доколку така одлучат и наместо на општините, кои ја наплаќаат оваа јавна давачка, можат да донесат одлука и да не ја наплатат јавната давачка за користење на просторот пред деловни простории“, се вели во соопштението.