УЈП: Одобрени се 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми

Понеделник, 18 Мај 2020 12:16 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Управата за јавни приходи денес до Генералниот Секретаријат на Владата достави Известување за обработени и одобрени барања за финансиска поддршка на 7 .710 фирми во износ од 659.324.245 денари.

„Заклучно со денешното известување, Управата за јавни приходи одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени, а вкупниот износ на финансиската поддршка изнесува 1.545.193.018 денари.
Владата на РСМ минатата недела изврши исплата на финансиските средства на 10.103 фирми, а Управата за јавни приходи продолжува со дообработка на останатите барања на фирми кај кои имаше технички недостатоци во МПИН пресметката“, се вели во соопштението.