ЦР: Рокот за поднесување на финансиски извештаи за 2019 година за големи и средни трговци престанува да тече за време на вонредната состојба

Понеделник, 18 Мај 2020 11:59 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Централниот регистар информира за рокот за поднесување на финансиски извештаи за 2019 година за големи и средни трговци.

Владата на седницата одржана на 12 мај, 2020, донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, објавена од страна на Владата во „Службен весник на РСМ“ бр.123/20.

„Согласно уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централен регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба“, се вели во соопштението од Централен регистар.

Последен пат изменето на Понеделник, 18 Мај 2020 12:09