Канцеларијата на Централниот регистар во Куманово ќе работи скратено

Сабота, 04 Април 2020 21:41 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Централниот регистар информира дека од понедленик Регионална Регистрациона Канцеларија Куманово ќе работи со скратено работно време.

„Започнувајќи од понеделник - 06.04.2020 година, работното време на Регионалната Регистрациона Канцеларија Куманово ќе биде од 08:00 до 13:00 часот, во согласност со одлуката на Владата на Република Северна Македонија за посебен режим на движењето на населението во Општина Куманово. За информации и помош од Централниот регистар - РРК Куманово, Ве молиме да се обратите на контакт броевите:078/490-137 и 078/490-134“, се вели во информацијата објавена од Централниот регистар.

Последен пат изменето на Сабота, 04 Април 2020 21:45