Владата со нова уредба: Кој нема да плаќа аконтациија на данокот на личен доход

Среда, 25 Март 2020 18:34 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Владата усвои и Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба.

„Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, се предлага како мерка за поддршка на обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност и кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, да бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година. Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход се предлага да имаат даночните обврзници кои остваруваа доход од самостојна дејност и ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55-Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- Воздухопловен транспорт) и кои го исполнуваат следниот услов даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени, сметано од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените“, се вели во соопштението на Владата.

Исто така се предлага правото на намалување на износот на аконтациите на данокот на личен доход да се однесува и на други даночни обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење, кои покрај гореспоменатиот услов исполнуваат еден од следните услови:

- Вкупните приходи на даночниот обврзник се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или

- Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките од став (1) на овој член да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во однос на месец февруари 2020 година, или

- Даночниот обврзник затвори најмалку 50% од продажните местата преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

Последен пат изменето на Среда, 25 Март 2020 19:00