Министерството за финансии во излолација: Пишувајте маилови, наместо да доаѓате лично

Петок, 13 Март 2020 09:03 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од Covid-19 (корона вирус), Министерството за финансии ги советува странките наместо да доаѓаат лично, да контактираат на меил.

Сите барања и прашања може да се испраќаат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. а за комуникација е и телефонскиот број 02/3255-300, како и на меиловите и телефонските броеви објавени на веб-страната на Министерството за финансии.

„Исто така, препорачуваме сите преписки, барања и други документи кои можат да се доставуваат и испраќаат електронски - да се испраќаат и примаат електронски, за да се избегне користење на хартиена форма (се разбира доколку не е неопходно документот да биде во хартиена форма, во оригинал). Потребните состаноци секторите ќе ги држат преку телеконференциска врска“, соопштува МФ.