Коли се продаваат диво на паркинзи, наместо на плацови и во автосалони

Понеделник, 10 Февруари 2020 11:16 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Нова и невообичаена узурпација се случува на паркинзи пред станбени згради, каде што приватни лица си паркираат по пет или десет половни возила и си ги продаваат од пред зграда.

Како што пишува „Нова Македонија“ додека тие си тераат бизнис на диво и узурпираат јавен простор, претворајќи го во плац за продажба, нивните соседи немаат слободен паркинг-простор за автомобилите таму каде што живеат. Поради ваквите диви продавачи, граѓаните мора своите возила да ги оставаат многу подалеку од местото на живеење. И додека нивниот сосед си царува со бесплатното паркиралиште, тие секојдневно се нервираат и не знаат каде да го пријават проблемот, од кого да побараат помош и како да си го добијат назад местото за паркирање што им припаѓа по сите правила на живеење во една станбена зграда.

Општините не може ништо да направат во врска со овој проблем, а тешко е и вклучувањето на инспекциските служби.