Се стопија приходите од данокот на добивка, во буџетот собрани 60 милиони евра помалку од планираното

Петок, 07 Февруари 2020 07:57 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Државата во 2019 година не успеа да ги собере планираните пари од данокот на добивка, а даночните приходи по овој основ се драстично пониски и од проекцијата, но и од приходите од данок на добивка во 2018 година.

Како што може да се види од податоците објавени на интернет страницата на Министерство за финансии во буџетот за 2019 година, Владата предвидела од данок на добивка да собере 15,3 милијарди денари или околу 249 милиони евра. Иста остана проекцијата и по ребалансот кој беше направен во втората половина од годината. На крајот на годината државата инкасираше од данок на добивка за цела 2019 11,5 милијарди денари или 189 милиони евра. Разликата меѓу планираното и собраното е над 60 милиони евра. Кај другите даноци реализацијата е над 95 отсто.

 

 

Последен пат изменето на Петок, 07 Февруари 2020 08:50