Самсоненко се зацврстува во Жито Полог, купи уште 5.000 акции

Вторник, 04 Февруари 2020 08:17 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Акционерот Сергеј Самсоненко се стекна со 5.000 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово и сега поседува вкупно 8.650 обични акции со право на глас во тетовската компанија. Тој сега поседува 15,45 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Информацијата ја објави Македонска берза.

Во информацијата се наведува и дека ЗК Пелагонија АД – Битола како акционер во тетовската компанија продаде 5000 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог АД Тетово и сега поседува вкупно 5047 обични акции со право на глас во Жито Полог. Тоа претставува 9,01 отсто од вкупниот број на издадени акции на друштвото.