Кочо Анѓушев стана управител на „Феро Инвест“

Среда, 15 Јануари 2020 08:01 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев од вчера е запишан како нов управител на компанијата „Феро Инвест“ на местото на досегашниот раководител Ратко Ѓорѓиевски. Промената е објавена на интернет страницата на Централен регистар.

Анѓушев својата функција на чело на оваа компанија ја стави во мирување додека ја извршуваше владината функција, по што реши да се повлече со истекот на првиот мандат на 3 јануари. Тој соопшто дека поради неговиот ангажман во Владата и недобивањето на државни тендери неговите компании имаат намалени добивки. Поранешниот вицепремиер рече и дека за него нема место во техничка влада, која нема да носи одлуки. 

Компанија „Феро Инвест“ е во сопственост на Анѓушев, неговиот брат Тодор Анѓушев и Никола Гравчев. „Феро Инвест“ е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“. Оваа компанија е ко-сопственик и на 8 фирми кои управуваат со мали хидроцентрали.