Ќе се намалат 12 царински стапки на барање на странските инвеститори

Петок, 06 Декември 2019 15:00 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Владата ќе одговори на 12 од 30 барања за намалување на царинските стапки доставени од странските инвеститори во земјава, соопшти премиерот Зоран Заев.

– Почната е постапката се прават пресметките и се споредуваат математиките и до крајот на годината до кога е рокот даден од странските инвеститори ќе донесеме одлуки за 12 од барањата за намалување на цариснките стапки за кои апелираа странските инвеститори – рече Заев.

Тој, најави и контрола на ветувањето на инвеститорите дека приходот што ќе го остварат со ова намалување на царинските стапки ќе го инвестираат во земјава.