16.600 граѓани ги добиле парите од МојДДВ

Петок, 06 Декември 2019 14:41 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Околу 21 милион денари од мерката МојДДВ веќе се префрлени на сметките на 16.600 граѓани на првиот ден од повратот, објави министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Исплатите се започнати. Пристигнуваат и во трезорот кај нас. Најнов податок е дека 16.600 граѓани веќе ги добија парите на своите сметки. Вкупно 21 милион денари се веќе вратени на сметките на граѓаните. Исплатата продолжува постојано, пристигнуваат и се обработуваат податоците – рече Ангеловска.

Таа апелираше сите граѓани да ги проверат транскациските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ.

Според неа, просечно 180.000 граѓани секој месец скенираат фискални сметки, а најмногу сметки скенираат граѓаните во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, како и во Битола и во Штип.

Од 15 декември ќе почне и наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.