Владата очекува со субвенционирање на придонесите да „скокнат“ платите на 25 отсто од вработените во приватен сектор

Четврток, 28 Ноември 2019 12:45 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планиран 2 милијарди и 400 милиони денари. Барањата за субвенционирањето работодавачите ги поднесуваат преку месечната пресметна за интегрирана наплата до УЈП, каде проверуваат дали условите се исполнети и му прават пресметка за износот на субвенционирани придонеси.

– Субвенциите ќе важат за покачување на плата од 600 до 6.000 денари. Нема максимален износ на покачување на плата која компанијата сака да ја направи, но субвенциите ќе важат само за покачување до 6.000 денари. Со оваа стимулација за раст на платите не само што го покачуваме економскиот стандард на сите вработени кои ќе добијат покачување на плати во бизнис секторот туку влијаме и на зајакнување и раст на економијата, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната прес-конференција во УЈП.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска појаснувајќи ја постапката за добивање на субвенциите истакна дека работодавачите барањето го поднесуваат преку месечната пресметка за интегрирана наплата со образец МПИН со внесување на ознака за лицето за кое го бараат субвенционирањето. Со внесување на шифрата, рече таа, УЈП за конкретното лице осигуреник и за работодавачот ја проверува исполнетоста на условите и за тоа го извесува работодавачот.

-Субвенционирањето се врши директно во пресметката со намалување на износот на придонеси за плаќање. Пресметката на утврдување на износот на придонесите, како и намалување на износот на плаќање е целосно автоматизирана процедура со што работодавачите на наједноствен начин да ниожат да го остварат правото. УЈП озносот го дојавува до МТСП за тоа да ги плати субвенциите на придонесите, за висината на покажувањето на платите, рече Лукаревска.