„Фершпед“ го продаде „Сковин“

Среда, 27 Ноември 2019 15:20 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

„Фершпед“ го продава „Сковин“, трговските марки на овој бренд, како и недвижниот и движен имот за вкупна сума од 3,4 милиони евра. Одлуката на компанијата е објавена на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Трговските марки на „Сковин“ се продадени на сингапурската фирма SIAK PTE LTD за вкупно 5.100 евра. Станува збор за повеќе од 20 бренда на вина и жесток алкохол кои сега ги произведува „Сковин“. Винските колекции кои ги произведува „Сковин“ се групирани во шлашираните групи :„Сан сити“, „Класик“, Фајнест селекшн“, „Барик“, „Премиум“, во пакувања од станиол „Бег ин бокс“, пенливо вино, литарски флаширани вина од литар од програмата „Бејзик лајн“ и литариполските „Магнум лајн“. Во трговските марки се и ракиите: „Марков манастир“ и „Жолта“.

Другиот имот на „Сковин“ (недвижен и движен имот) и залихи е продаден за 3,395 милиони евра на скопската компанија „ВинаријаСковин Група“ ДООЕЛ од Скопје. Таа купи згради, објекти, градежно изградено земјиште, опрема, основни средства и инвентар како и возила и механизација. Продавачот и негов најголем акционер дава право на купувачот да заснова заложно право врз продадениот имот за издавање банкарска гаранција во корист на „Сковин“ која ќе биде на износ од 1,95 милиони евра како обезбедување на плаќањата од купувачот, по завршената купопродажба, да стане заложен должник.

Новиот сопственик на имотот на „Сковин“ е скопската фирма „ВинаријаСковин Група“. Таа фирма е сопственост на скопска компанија Балкан Холдингс ПТЕ Л.Т.Д, а нејзин управител е лицето Звонко Пејчиќ. 

Последен пат изменето на Четврток, 28 Ноември 2019 07:46