Арсовска: Системот не смее да ги толерира оние кои не плаќаат даноци

Среда, 27 Ноември 2019 15:20 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Сојузот на стопански комори со воспоставениот договор за соработка со Управата за јавни приходи отпочна со стратешки цели за сузбивање на сивата економија преку превземање конкретни чекори за постапување и заедничка акција, рече претседател на Сојуз на стопански комори Данела Арсовска во своето обраќање по повод 25 години јубилеј УЈП.

- Целта е што поголем број нерегистрирани субјекти да влезат во системот, да работат под еднакви услови и да приденесуваат за развој на националната економија. Нелојалната конкуренција го нарушува пазарното стопанство, и системот не смее да ги толерира оние кои не плаќаат даноци, и се директна конкуренција на компаниите кои се денес тука и припаѓаат на групата најголеми 100 даночни обврзници. Механизми за сузбивање на сивата економија има, а еден од нив е и доследна имплементација на Законот за забрана за вршење на нерегистрирана дејност. Превзедовме и конкретни чекори кои опфаќаат процеси на дигитализација кои ги спроведува приватниот сектор, а Управата за јавни приходи спроведува системски решенија со кои во чекор ги следи овие процеси - изјави Арсовска.

Сојузот на стопански комори на Македонија доби плакета за успешна соработка со Управата за јавни приходи, по повод јубилејот 25 години УЈП.

Последен пат изменето на Среда, 27 Ноември 2019 15:40