Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 отсто годинава

Четврток, 07 Ноември 2019 12:25 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Народната банка ја задржа проекцијата за раст на економијата годинава од 3,5 отсто, а за следната година предвидува раст од 3,8 отсто. Ова го соопшти денеска на прес-конференција гувернерката Анита Ангеловска Бежовска.

Гувернерката рече дека двигатели на растот ќе бидат извозот, инвестициите и личната потрошувачка.

Денеска беше објавена и проекцијата на ЕБОР за растота на економијата. Растот на БДП и годинава и во наредната 2020-та ќе биде 3,2 отсто, што е зголемување од 0,2 проценти од претходно очекуваните три проценти.

Економски раст од 3,2 отсто за 2019 година предвиде и ММФ, кој, пак, за 2020 проектира зголемување од 3,4 проценти.