Сите сакаат да вградат плински уред со субвенции, мајсторите презафатени

Четврток, 07 Ноември 2019 11:02 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Огромен интерес на граѓаните за вградување на плински уреди во своите возила, откако Министерството за економија го објави јавниот за субвенции до 300 евра за плински уреди за сите граѓани, кои од 1 ноември до 2 декември ќе купат и ќе вградат ваков уред. Тоа е околу 50 отсто од трошоците што треба да се направат за да се вградат овие уреди во возила кои пак не смеат да бидат постари од 2005 година.

Фирмите што ги вградуваат плински систем веќе ги имаат пополнето сите слободни термини за ноември и не можат да постасаат за да граѓаните навреме аплицираат, бидејќи субвенциите ќе се делат по принципот прв дојден прв услужен. Штом ќе се потроши буџетот од 15 милиони денари колку што државата реши да одвои за овие намени ќе завршат и субвенциите кои се доволни за вградување на вакви уреди кај околу 900 возила.

Во весникот „Вечер” се јавија читатели кои реагираа дека не можат да си закажат термин за вградување на плински уред и дека многу малку возила ќе можат да  ја добијат таа привилегија.

Последен пат изменето на Четврток, 07 Ноември 2019 11:18