„Алкалоид“ вложи 1,8 милиони евра во производните капацитет во Србија

Среда, 06 Ноември 2019 09:09 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Алкалоид АД Скопје информира дека во насока на континуирано вложува во освојување на постојни и нови пазари во странство,  на 21 октомври изврши дополнително вложување во Алкалоид ДОО Белград, друштво кое е 100 отсто сопственост на Алкалоид АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог, соопштија од фармацевтската компанија.


Станува збор за инвестиција вредна 1,8 милиони евра наменета за проширување на производните капацитети во производниот погон на Алкалоид во Република Србија.

Со оваа инвестиција, како што се посочува, Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото