„Костал“ инвестира 40 милиони евра во нов производствен погон и отвора перспектива за стотици нови вработувања во Охридскиот регион

Среда, 17 Јули 2019 13:46 Напишано од  Објавено во НОВИНИ

Технолошки високо развиената компанија за производство на прецизни делови за автомобилската индустрија Костал, со втората инвестициска фаза која беше презентирана денеска, значително ќе го зголеми производството во својата фабрика во Охрид, а бројот на вработени од сегашните 400 ќе се зголеми на над 1000.

Новата браунфилд инвестиција во Охрид, денеска ја посети вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, во придружба на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Вицепремиерот истакна дека Костал има сериозен импакт на развојот на Охрид и охридско, како во вработувањата, така и во зголемување на бруто домашниот производ грнерално во државата.

Последен пат изменето на Вторник, 05 Ноември 2019 09:48