НОВИНИ

Не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи, објави Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на нејзината веб страница по повод донесеното решение од претседателот на Собранието за распишување на предвремени избори.

ЈСП пушти во употреба билет за едно возење

Понеделник, 17 Февруари 2020 12:21
По долго чекање денеска е уштен во употреба билетот за едно возење во автобусите на ЈСП Скопје. Билетот може да се купи директно во автобус и во билетарниците на ЈСП.
Реализацијата на капиталните инвестиции во 2019 година е во рамките на просекот во изминатите 10 години или нешто над просекот, а јавниот долг е стабилизиран, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020.
Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF.
Министерството за финансии објавува известување за почеток на процес на подготовка на Предлог-закон за платежни услуги и платежни системи.
Поголема праведност во оданочувањето, поголема ефикасност во наплатата на приходите, висока даночна транспарентност, подобрување на квалитетот на услугите и воведување зелено оданочување, се приоритетите во Стратегијата за реформа на даночниот систем 2020-2023, која денеска беше презентирана и дискутирана со бизнис-заедницата, невладините организации и експертската јавност.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави јавниот повик за мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“. Од денеска до 3-ти март годинава сите млади земјоделци до 40 години ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство.
Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ.