Акцонерите на „Макпетрол" ќе добијат по 2.000 денари дивиденда од акција

Понеделник, 22 Јуни 2020 08:32 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Собранието на акционери на „Макпетрол" на седницата одржана на 20 јуни донесе одлука за исплата на дивиденда за 2019 година во бруто износ од 2.000 денари по акција, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 17, јули, годинава. Исплатата на дивидендата ќе се изврши до 30 септември.