Коста Костовски сменет од функцијата претседател на Одборот на директори на берза

Вторник, 16 Јуни 2020 06:50 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Коста Костовски повеќе не е претседател на Одборот на директори на берза, на негово место доаѓа Тони Стојановски.

Стојановски е генерален директор за корпоративно банкарство во Стопанска банка и член на Управниот одбор на оваа банка. Тој во следните четири години ќе биде претседател на Одборот на директори на Македонска берза. Досега таа функција ја имаше Костовски, син на познатиот бизнисмен Трифун Костовски, инаку во берзата претставник на Еуростандард банка.

Промената е направена на последната седница на Одборот на директори на Македонска берза, на 12 јуни. Тогаш беше изгласан новиот мандат на членовите на Одборот, каде остануваат истите луѓе но Стојановски досега беше само неизвршен член, а во следните четири години ќе биде и претседател.

Костовски останува член, а во Одборот како неизвршни членови се е Петар Трпески од Шпаркасе банка, Михајло Брова Зиков од Комерцијална банка, Билјана Цветковска од Централниот депозитар на хартии од вредност.

Иван Штериев е член на Одборот и главен и извршен директор, а во него членуваат и двајца независни членови - Горан Анастасовски и Иван Мишев.