Македонска берза со добивка од 13,5 милиони денари, за акционерите 3.000 денари дивиденда по акција

Понеделник, 15 Јуни 2020 07:54 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Македонска берза АД Скопје на својата веб страна објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година.

Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година, Македонската берза АД Скопје оствари добивка по оданочување од 13,5 милиони денари, покажуваат основните финансиски податоци на компанијата за 2019 година објавени на својата официјална веб страна.

Вкупните приходи на Македонската берза АД Скопје за претходната година изнесувале 52,1 милиони денари, додека пак нето готовинскиот тек изнесува 282 илјади денари.

Собранието на акционери на Македонска берза АД Скопје на својата XXXVI седница одржана на ден 29.05.2020 година одлучи добивката по годишната сметка за 2019 година во износ од 13.544.448 денари да се распореди на следниов начин: дивиденда во денари во вкупен износ од 8.376.000 денари, односно 3.000,00 денари по акција и акумулирана добивка во износ од 5.168.448 денари.

Последен пат изменето на Понеделник, 15 Јуни 2020 08:07