Патики по мерка на бренд „Asics“ во нова продавница во Skopje City Mall

Среда, 20 Мај 2020 18:31 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Во шопинг-центарот Skopje City Mall се отвори нова продавница за спорстка опрема на познатиот бренд „Asics“. 

„Asics“ е јапонска мултинационална корпорација која произведува обувки и спортска опрема наменета за широк спектар на
спортови. Името на копманија е акроним за латинската фраза „Аnima sana in corpore san“, што се преведува како
„Во здраво тело, здрав дух“.

Брендот Asics e основан далечната 1949 година, а првите почетоци на брендот се поврзани со производството на спортски обувки
за кошарка. Од самото основање, Asics Group посветено се заложува за негување на спортот, притоа вклучувајќи ги и инволвирајќи ги помладите лица. Asics е еден од најпопуларните брендови за атлетски обувки и спортска опрема во светот. 

Иако навидум изгледа како „уште една светска компанија за спортска опрема“, зад брендот Asics се крие многу повеќе од тоа. Asics е компанија која е фокусирана на технологијата, но не само на производството, туку и на начинот на кој е дизајниран секој нов пар на патики. Со својата Motion ID технологија, каде е единствен по ваквиот пристап, Asics им нуди опција на своите купувачи да изберат патики кои им се „по мерка“.