„Веро Џамбо“ отвора денеска, а „Сити мол“ во петок

Среда, 13 Мај 2020 09:53 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

„Веро џамбо“ денеска ги отвора вратите за своите посетители. Оттаму  велат дека се целосно подготвени да ги запазат протоколите за спречување на ширењето на пандемијата со коронавирусот.

Во трговскиот ценатр „Рамстор“ бутиците ќе почнат со работа утре, а во најголемиот затворен трговски ценатр  „Сити мол“  во петок, јавува Слободен печат. Трговскиот центар „Капитол мол“ исто така е најавено дека ќе отвори во петок.

Од „Скопје сити мол“ и од „Капитол мол“ велат дека нема да работат во неделите, а другите денови ќе работат од 10 до 18 часот.

Отворањето на овие трговски објекти е дел од првата фаза на олабавување на рестриктивните мерки кои беа воведени за да се намали ширењето на новиот вирус ковид-19. Продавниците ќе функционираат со примена на посебни мерки за заштита, додека угостителските објекти кои функционираат во рамките на трговските центри засега нема да се отворат. Отворањето на кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти треба да се случи во втората фаза најавена за следната недела, но дали тоа ќе се случи ќе зависи од движењето на бројот на болните.