Нема дивиденда за акционерите на НЛБ

Петок, 24 Април 2020 09:13 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, на седницата одржана на 23.04.2020, ја прифати Одлуката за употреба и распределување на остварената добивка од Годишна сметка за 2019 година.

Во февруари, НЛБ Банка објави дека нејзината нето добивка е 15,3% над планираното и дека истата изнесува 1.849.918 илјади денари во 2019 година.

Согласно Одлуката, нето добивката на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 во износ од МКД 1.849.917.998,00 се распределува на следниов начин:

1. Нераспределена добивка 1.672.270.392,00 денари
2. Задржана заработувачка за инвестиции 177.647.606,00 денари

Тоа значи дека Банката ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда.

Добивката која е распределена во задржана заработувачка за инвестиции се употребува за цели на развој и инвестиции во материјални и нематеријално средства за проширување на примарниот бизнис и не е достапна за плаќање на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за дистрибуција на акционери).

НЛБ Банка, иако донесе Одлука дека нераспределената добивка ќе биде задржана, сепак постои можност за делумна распределба на нераспределената добивка која ќе биде разгледувана кон крајот на 2020 година или подоцна, во зависност од развојот на пандемијата на коронавирусоти последиците од истата.

НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

Собранието на акционери на НЛБ Банка, на својата седница одржана на ден 16.04.2020 година донесе Одлука за именување на независен член на Надзорниот одбор.

За нов член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка се именува г-ѓа Матеја Тревен.

Мандатот на новиот член на Надзорниот одбор ќе трае 4 години, започнувајќи од 28.05.2020 година.

Оваа Одлука стапува во сила по добивањето на согласност од гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија.

Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во моментов го сочинуваат:

Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
Хедвика Усеник – Член на Надзорен одбор
Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
Борислав Атанасовски – Независен член на Надзорен одбор
Зоран Јовановски – Независен член на Надзорен одбор