Гранит ќе го гради автопатот Скопје-Блаце

Вторник, 18 Февруари 2020 09:02 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Градежната компанија Гранит ќе го гради автопатското поврзување на Скопје со граничниот премин Блаце како и проширувањето на патот од граничниот премин до селото Блаце.

Компанијата преку Македонска берза соопшти дека потпишала договор со Јавното Претпријатие за државни патишта.

„За изградба на автопат А4, делница ГП „Блаце” – Скопје ( клучка „Стенковец “), Подделница 1- проширување на постоен пат А4 од ГП „ Блаце” до с.Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат со с.Блаце“, стои во соопштението.

Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 881.742.867 денари (14 милиони евра) со рок на изведување 42 месеци.

Последен пат изменето на Вторник, 18 Февруари 2020 09:26