„Тетекс АД Тетово“ го затвори и последниот погон

Вторник, 11 Февруари 2020 11:27 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Поранешниот текстилен гигант „Тетекс АД Тетово“ вчера го затвори и последниот погон за производство за што ја информира и Македонска берза.

„Заради запазување на правата и интересите на акционерите и заради одржување и зголемување на вредноста на капиталот од една страна и грижа за вработените, зголемување на општествена одговорност и животната средина од друга страна, Тетекс АД Тетово во текот на месец февруари 2020 година ќе престане со производство на тешка конфекција и со максимално ангажирање и мобилизирање на расположивите материјални и човечки ресурси во наредниот перод ќе се ориентира кон останатите и нови попрофитабилни дејности“, стои во образложението на компанијата објавено на Македонска берза.

„Тетекс“ работеше речиси 69 години работа, а последен се затвори погонот Конфекција. Пред една година поради нерентабилност беше затворен и погонот Трикотажа, а само пред еден месец и Ткајачница.

Во фабриката остануваат само околу 60 работници кои работат во магацинскиот, енергетскиот дел и во обезбедувањето кои треба да ги опслужат погоните кои се издадени под кирија на странски компании.