„Реплек Фарм“ прoизводи од канабис ќе ги извезува и во САД

Понеделник, 03 Февруари 2020 12:58 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

„Реплек Фарм“ информира дека своите производство од екстракти од канабис наменети за медицинска употреба покрај на меѓународни пазари како Германија и Австралија неодамна ги пласира и во САД.

„Горди сме за добиеното одобрување од ФДА (Американската Национална Агенција за храна и лекови) која го потврдува квалитетот на нашите Каноил производи кои од 2020 се извезуваат на Американскиот пазар под нашиот бренд Каноил. Се работи за палета од 15 производи (масла, спрееви, масти, супозитории и вагитории) т.е. истите производи кои се продаваат и на македонскиот пазар. За таа цел во соработка со Германски партнер, „Реплек Фарм“ инвестира во нова високо специјализирана фабрика, со највисока технологија и строго наменета за изработка на производи кои содржат екстракти од Cannabis. Новата фабрика се простира на површина од 1300 m2. Истата, е дизајнирана и се изведува согласно GMP директивите. Просторот ќе биде обезбеден со климатизација, вентилација како и 24 часовно мониторирање на температурата и влагата. Опремата е изработена од материјали сертифицирани во согласност со GMP стандардите кои се компатибилни за работа во фармацевтската индустрија“, вели Иван Туџаров, генерален директор на Реплек Фарм

 

Последен пат изменето на Понеделник, 03 Февруари 2020 13:15