Тетовец добитник на автомобил од Државна лотарија

Вторник, 21 Јануари 2020 10:05 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Tетовецот Меридон Муртезани е најновиот добитник на автомобил MINI ONE од инстант лозот Мини и Макси на Државна лотарија.

Клучевите му беа доделени пред салонот М-Кар во Скопје.

Добитниот лоз го купил во трговскиот центар Палма мол во Тетово од продажното место на Државна лотарија.
Инстант лозот Мини и макси во продажба е од 6 септември 2019 година, a како главни добивки од овој инстант лоз се 10 автомобили BMW X1 и пет автомобили MINI ONE. Покрај автомобилите лозот нуди можност и за многу парични добивки.

Последен пат изменето на Вторник, 21 Јануари 2020 10:14