ОКТА добива нов извршен директор, кој доаѓа од Србија

Четврток, 09 Јануари 2020 14:17 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Од 1-ви јануари 2020 година нов главен извршен директор на ОКТА е Вук Радовиќ. На раководната позиција во најголемата нафтена компанија во државата доаѓа од Белград, каде во изминатите три години успешно ја извршуваше функцијата генерален директор на ЕКО Србија.

Радовиќ е дел од „Хеленик петролеум групацијата“ од 2004 година и за овој период има работено на повеќе раководни позиции во ЕКО Србија и во „Југопетрол“ во Црна Гора. Тој е добар познавач на состојбите на македонскиот пазар, со оглед на тоа што во периодот од 2013 до 2016 година работеше како директор за снабдување и трговија во ОКТА.

Радовиќ го наследува Јанис Геруланос кој ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА во изминатите пет години.