„Гранит“ доби тендерот на Град Скопје вреден 225.000 евра

Четврток, 09 Јануари 2020 11:52 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Град Скопје по распишаниот тендер за реконструкција и одржување на улица Индира Ганди (фаза 2 од профил 110 до профил 190) склучи договор со Градежното друштво „Гранит“ АД-Скопје.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 13.894.453 денари или околу 225.000 евра.