Австриска компанија го доби тендерот за монтажа на седум лизгалишта вреден 227.000 евра

Четврток, 09 Јануари 2020 11:28 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Агенцијата за млади и спорт по распишаниот тендер за монтажа, изнајмување и демонтажа на седум лизгалишта во општините Охрид, Битола, Куманово, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово склучи договор со австриската компанија „Солкав е.У“ (Solkav e.U).

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 13.999.997 денари или околу 227.000 евра.

Известувањето за склучениот договор за јавна набавка може да се погледне на следниот линк.