ЕСМ објави тендер „тежок“ 19 милиони евра

Вторник, 24 Декември 2019 11:36 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

ЕСМ објави оглас за набавка на помошна механизација во РЕК Битола. Со оваа набавка ќе се купат 47 парчиња од механизацијата за ископ на јаглен, за што ќе се инвестираат 19 милиони евра.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека оваа јавна набавка е прва фаза, а следуваат уште две фази за целосно обезбедување на потребната механизација за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола.

– Во втората фаза ќе се набави циклична механизација за рудникот Брод Гнеотино каде што досега се изнајмуваше механизација од надворешни компании. Оваа инвестиција ќе чини 26 милиони евра. Третата фаза ќе биде набавка на сѐ што недостига од механизацијата. Со ова ќе се надмине потребата од ангажирање на помошна механизација од надвор за која годишно во изминатиот период се плаќани по 90 милиони евра – рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека задоцнетата јавна набавка е резултат на потребата подобро да се анализира состојбата, но се чекал и новиот Закон за јавни набавки кој предвидува покрај најаниска цена да се прифати и квалитетот.

 

Последен пат изменето на Вторник, 24 Декември 2019 11:57