Трифун Костовски му ја продава Еуролинк осигурување на Граве?

Среда, 27 Ноември 2019 15:20 Напишано од  Објавено во КОМПАНИИ

Граве Осигурување го купува Еуролинк осигурување, дознава Фактор повикувајќи се на доброупатени извори.

 Според информациите, компанијата со стопроцентен австриски капитал во целост ќе ја преземе осигурителната компанија на Трифун Костовски која моментно ја држи втората позиција со учество од над 13 проценти на пазарот на неживотно осигурување. Еуролинк е позната домашна осигурителна компанија која е во целосна сопственост на GOFI-Group of Finance and investment SA, швајцарскиот инвестициски фонд на познатиот домашен бизнисмен Костовски.

Последен пат изменето на Четврток, 28 Ноември 2019 08:12