Информацијата Банката ја објави на сајтот на Македонска берза.
Именувањето на Тевдовски за член на Надзорниот одбор е поставено на дневен ред на претстојното Собрание на акционери на Банката закажано за 30 декември. По неговиот избор треба да завршат и процедурите за добивање согласност од гувернерката на Народната банка.
Мандатот на Тевдовски како надворешен член на Надзорниот одбор ќе биде четири години.
Во Надзорниот одбор на банката членови се: Светозар Александров Попов кој е претседател, Ралица Иванова Богоева, негов заменик, како и Јанко Ангелов Караколев, Константин Илијчов. Независни членови на Надзорниот одбор се Пеце Недановски и Николај Сергеевич Драгомирецки.
Драган Тевдовски беше избран за министер за финансии по последните парламентарни избори во 2017 година, но во јуни годинава, а на негово место дојде Нина Ангеловска.